Seminarski i Diplomski Rad

Vanjska politika Francuska (Makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 26 | Nivo: Filozofski fakultet, Skopje

ВОВЕД
Франција во својот долг историски развој и континуитет секогас успевала да го задржи својот државен правен статус. Тоа ја прави да биде држава со долга трдиција, подготвена да го подобрува своето уредување со внатрешни реформи. Во текот на Првата светска војна Франција претрпела големи човечки и материјални загуби. Тоа имало големо влијание во нејзиниот политички живот во целиот меѓу воен период. Нејзиниот развој бил забавен поради стопанските проблеми и демографските заостанувања како директни последици од воените разурнувања. Па сепак самиот факт дека таа од војната излегла како една од најважните победнички е многу значајно, затоа што тоа на Франција и давало извонредна стартна позиција и што е уште поважно улога на креатор на мирот по разурнувачката војна. Тоа таа ке знае како да го искористи, особено на Версајските мировни преговори и мирот кој ќе и биде диктиран на победената и засрамена Германија. Ваквиот развој на настаните, кај одреден круг на француски политичари , ќе го иницира чувството на надмоќност над другите држави и повиканоста Франција да ја брани западната цивилизација од комунистичката опасност од истоик и германскиот реваншизам. Тоа всушност, ја проектира дамнешната француска желба за нејзината хегемонија во Европа. Но сепак главното прашање кое доминира во Француската надворешна политика е т. Н. ,,германско прашање” односно прашањето за воените репарации, како и прашањето за безбедноста на Франција и зачувувањето на доминантната позиција воспоставена со Версајскиот мировен договор. Во сето тоа Франција ќе добива помош од својата сојузничка Велика Британија, како и од група земји настанати и се производ на Версајскиот мировен договор: Полска, Чехословачка, Југославија, кои во одреден период Франција успевала да ги врзе за себе.
Доминантна тема на француската надворешна политика по војната, како и во целиот меѓувоен период било т. Н. Германското прашање. Во самата суштина на овој проблем, се наоѓал проблемот на безбедноста на Франција и зачувувањето на системот на односи создаден во светот по 1918 година. Во врска со тоа во 20-тите години се појавиле неколку политички концепции, меѓу кои две биле од посебно значење и влијаеле на меѓународната сцена. Тоа биле концепциите на Ремион Поанкаре и Аристид Бријан, од кои онаа на Бријан достигнала во Извесна смисла репутација на политичка доктрина. Концепцијата на Поанкаре се засновала на сфаќањето дека Франција мора да ја користи военада надмоќ со која таа излегла од Првата светска војна за да си иза себе сигурна и безбедна положба во Европа. Таа треба да инсистира на строго почитување на Версајскиот договор и ако е потребно негово обезбедување со воени мерки. Од друга страна Франција требало да се поврзе со систем од сојузи со малите европски земји, за да им влее доверба во својата сила и со тоа да ги задржи во закрилата на својата политика. Ваквата политика Франција требало да ја води самостојно и решително, неосврнувајќи се на евентуалните приговори од претходните сојузници.
... 

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!